Им беше ангел чувар: Десетгодишно девојче се жртвуваше за да спаси две бебиња
КиераЛарсен (10) од Калифорнија го жртвуваше својот живот за да ги спаси своите две малечки пријателки, едногодишната Едисон и двегодишната Ема Џенкинс.
Таа скокнала пред возило кое од засега непознати причини тргнало од паркингот и почнало да се спушта по удолница.
Малечите сестри биле пред возилото, но Киера во последен момент успеала да ги турне за да не ги прегази возилото. Меѓутоа „мерцедесот“ забрзано се фвижел надолу и ја удрил Киера и и нанел тешки повреди.
Храброто девојче почина во болница. „Ги спаси животите на моите ќерки. Двете можеа да загинат ако таа не скокнеше и не се фрлеше буквално пред автомобилот. Го жртвуваше својот живот без размислување, раскажува мајката на двете спасени девојчиња, Алиса Џенкинс. Адисон и Ема во оваа несреќа се здобиле само со гребаници и по некоја модринка.
-Киера на моите ќерки им беше како постара сестра. Секогаш внимаваше на нив, ги чуваше и се грижеше за неа. Таа беше нивни ангел чувар. Не знам како да и се оддолжам неа и на нејзиното семејство, вели таткото на девојчињата Џонатан Гусич.
Полицијата истражува тако автомобилот сам се придвижил.
Ново на Сител
-
Македонија не е мизерна и нема да пропадне ако не влезе во ЕУ, кажа хрватскиот претседател Милановиќ
-
Тема на денот со Татјана Стојаноска Иванова, професорка на Институтот за социологија
-
Милановиќ: Повеќе нема да жалам некого затоа што не може да влезе во ЕУ
-
Пет активни пожари во Македонија
-
Власта и опозицијата со меѓусебни обвинувања за пожарите
-
4 куќи гореа во пожарот во Злокуќани, повредено малолетно дете и двајца пожарникари
-
Како се менуваше насилниот криминал во Македонија изминативе 15 години?
-
Седум повредени од трагедијата во Кочани се уште на болничко лекување во земјата и странство