Македонија
8. May 2017 - 16:35

Илјадници верници од цела Македонија земаа учество во литијата за Свети Ѓорѓи Победоносец во Струга

Моштите на Свети Георгиј Победоносец и неговата чудотворна икона ја осветија Струга.Илјадници верници од сите краеви од државава му се поклонија на светецот и беа дел од традиционаланата литија којa што е дел од богатото културно наследство на Македонија.Чествувањето го  предводеше полициско возило кое без оглед на националната  и верската припадност се секогаш тука да го чуваат мирот и безбедноста на татковината потоа продефилираа редарот на коњ облечен во римска облека од времето кога живеел светецот како највувач на процесијата а моштите во раскошно украсен епитаф покрај тоа што беа носени од сердари или чувари на светињата пропратени беа и од сејменската гарда облечени во мијачки носии.

Многубројните граѓани со насмевки на лицата поздравувајќи ги моштите со фрлање цвеќе му дадоа достојна почит на светецот. Со учеството тие велат дека допринесуваат за продлабочување на верата .

Инаку свечената еордија во Струга во честа на Свети Великомаченик Георгиј Победоносец се одбележува по осми пат.