Македонија
16. January 2024 - 21:15

Илјадници пратки заглавени во Македонски пошти

Илјадници меѓународни пратки се заглавени во Македонски пошти. Речиси секој втор македонец нарачува преку интернет, а чекаат по неколку месеци да им стигнат пратките бидејќи нема кој да им ги достави до домашна адреса. 

Во Македонски Пошти се соочуваат со дефицит на кадар, нема работници ниту да ги обработат меѓународните пратки, ниту пак да ги достават.

Поштарите немаат соодветна опрема и превозни средства, а основната плата им е 23.000 денари. 

Професијата доставувач на пратки не е атрактивна кај помладите, а во моментов во Македонски пошти кадарот за оваа позиција е на возраст од 55 до 60 години. Од Синдикатот на Македонски пошти бараат да има нова систематизација и внатрешна реорганизација за да тргнат работите на подобро. 

За граѓаните да ги добијат пратките во скоро време, во моментов се прави реорганизација на работници за да помогнат во обработката и доставувањето.

Се чека поштарите да добијат и нови униформи по речиси една деценија, но остануваат и барањата кои траат со години, за повисоки плати и подобри услови за работа.