Илјадници луѓе жалат за Принс: Солзи, цвеќиња, свеќи и пораки за заминувањето на музичката легенда
Илјадници луѓе се собраа во вечерните часови во Минеаполис за Принс, да жалат за загубата на нивниот сограѓанин чија музика ги помести границите и инспирираше генерации уметници од целиот свет.
Неговите обожаватели оставаа цвеќе, свеќи и пораки на оградата на имотот на музичарот во Пејсли Парк, а потоа се собраа во центарот на градот на целовечерна забава во негова чест.
Мнозинството ја пееше „Purple Rain“ пред клубот на Минеаполис каде во 1984 година е снимен поголемиот дел од истоимениот филм, а зградите и мостовите во градот се „капеа“ во виолетови светла во исто време.
Во Њујорк фановите го прославија животот на Принц во легендарниот Аполо во Харлем каде што неговото име стоеше на големиот екран заедно со натписот: „Nothing Compares 2U“.
Во Бруклин, режисерот Спајк Ли покани илјадници луѓе на улично хорско пеење на песните на Принц.
Бдеења се одржани и во други градови, а градските знаменитости во целата земја од Лос Анџелес, преку Њу Ореланс и Сан Франциско до Бостон се осветлени со пурпурна боја.
Принц беше пронајден мртов во лифт во една од зградите во Пејсли Парк, каде живееше и имаше студио. Причината за смртта на еден од најпопуларните, најиновативните и највлијателните музичари во своето време, се уште не е позната.
Во меѓувреме и понатаму пристигнуваат изрази на сочувство и признанија на починатиот уметник.
- Светот изгуби креативна икона. Еден од најнадарените музичари во нашето време, рече американскиот претседател Барак Обама.
- Неговиот талент беше неограничен. Беше револуционерен, еден од највозбудливите музичари во последните 30 години, истакна Мик Џегер.
Ново на Сител
-
Во Белград уапсено уште едно лице под сомнение за терористичко здружување
-
Орбан: Проширувањето на ЕУ кон Западен Балкан е запрено, на европскиот блок му се потребни нови членки
-
Голем шумски пожар на планина во северниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина
-
Муцунски во Дубровник на средби со Радман, Кулеба и Лајчак, интегрирањето на земјите од Западен Балкан во ЕУ во фокусот на разговорите
-
Дачиќ: Лицето што го изврши терористичкиот напад е преобратеник од Младеновац
-
ЦУК: Планинар кој паднал во провалија се здобил со тешки повреди на главата, со хеликоптер е пренесен до ГОБ "8-ми Септември" каде е констатирана смрт
-
Нимиц: ЕУ направи историска грешка што не го придвижи брзо пристапувањето на Северна Македонија во Унијата
-
Отворена истражна постапка за таткото осомничен за силување на своите ќерки и за мајката за нивно запуштање и малтретирање