Илјадници луѓе се собраа во чест на жртвите од Крајстчрч, а против расизмот

Илјадници луѓе се собраа денеска во повеќе новозеландски градови во спомен на 50 убиени муслимани во Крајстчрч, но и во знак на протест против расизмот. Премиерката Џасинда Ардерн најави дека централната комеморативна служба ќе се одржи во текот на седмицата.
Околу 15.000 лица присуствуваат на вечерното бдеење во Крајстчрч, во паркот покрај џамијата Ал Нор, каде бел расист уби над лица. Неколку лица уби и во блиската џамија Линвуд.
Голем дел од немуслиманските жени на бдеењето носат шамии на глава и на тој начин ја покажуваат поддршката на припадниците на исламската вероисповед.
Бдеењето почна со муслиманска молитва, по што беа читани имињата на жртвите, меѓу кои и ученици од училиштето Кешмир.

-Мракот не може да ја истера темнината, тоа може да го направи само светлоста, изјави Окирано Тилиаиа, еден од учениците од тоа училиште. – Омразата не може да ја истера омразата, тоа го може само љубовта, им порача тој на насобраните во паркот.
Претходно, во текот на денот, илјадници маршираа во центарот на Оукленд против расизмот, носејќи транспаренти: „Мигрантите се важни“ и „Бегалците овде се добредојдени“.
Ново на Сител
-

Голема акција против нелегална трговија со лекови, медикаменти и суплементи
-

Тема на денот со Златко Перински, директор на Фонд за здравство
-

Парична казна од 5 илјади евра за Мерко за поставување спомен плоча
-

Мицкоски разговарал со Рубио во Њујрок
-

Акција на ОЈОГОКК и МВР
-

Сведоци за полицајците во „Пулс“: Одбиваа да помогнат на повредените
-

Физички нападнат гинекологот Огненовиќ додека прегледувал пациенти во својата ординација
-

Дизелот од полноќ поскапува за 5,5 денари, бензините поевтинуваат за 1,5 денар
