Илјадници Германци излегоа на протест на ПЕГИДА во Дрезден
Илјадници Германци синоќа излегоа на протест во Дрезден, организиран од ПЕГИДА (Патриотски Европејци против исламизација на Западот), по речиси една година откако движењето ја организираше првата акција во овој источногермански град.
Полицијата не објави податоци за бројот на учесници во протестот, кој мина мирно. Според локалните медиуми во протестот учествувале меѓу шест и седум илјади луѓе, додека според независната проценка на Дрезденскиот универзитет на демонстрациите излегле меѓу 7.500 и 9.000 луѓе.
Говорниците, меѓу кои и основачот на ПЕГИДА, Луц Бахман, ја осудија одлуката на владата на канцеларката Ангела Меркел да прими стотици илјади бегалци во Германија.
- Тие не водат директно во европска граѓанска војна, изјави Бахман на митингот пред познатата Дрезденска опера.
Демонстрантите скандираа „Меркел треба да си оди“, „Предавници“ и повикаа за депортирање на бегалците.
Татјана Фестерлинг, која годинава освои речиси 10 проценти од гласовите како кандидат на ПЕГИДА на изборите за градоначалник на Дрезден, изјави дека Меркел треба да поднесе оставка, а провинцијата Саксонија да се оддели од Германија.
Некои од демонстрантите носеа унгарски и руски знамиња и скандираа „Меркел во Сибир, Путин во Берлин“. Организаторите одбија да дадат изјава за новинари, нарекувајќи ги „лажен печат“, израз познат од времето на нацистичката пропаганда.
Ново на Сител
-
Тешко повреден 70-годишен скопјанец откако бил удрен од автобус на ЈСП
-
Тетовчанец со возило удрил малолетник и побегнал
-
Трамп би можел да ја укине целата помош за Украина
-
Претреси во Велес и Кавадарци, пронајдена дрога
-
Мартинка на рака со верба за среќа
-
Опожарени викендица и овоштарник во Идризово
-
Зеленски: Единствено народот на Украина може да одлучи за мојата оставка
-
Рубио: Зеленски треба да се извини