Илиоски: Дилеми и нетранспарентност околу договорот со Бугарија
Останува помалку од еден месец до потпишувањето на договорот со Бугарија, кој Заев во Софија го најави со бугарскиот премиер Бојко Борисов, а македонскиот народ нема никаква информација што содржи, изјави денеска Зоран Илиоски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

- Единствено се познати контурите кои ги спомена Заев, а тоа е бришење на учебниците и согласноста дека Македонија и Бугарија имаат заедничка историја. Што ќе се брише од учебниците по историја, дали Македонија во минатото имала своја сопствена историја и дали македонскиот јазик и официјално ќе биде признаен, останува енигма, изјави Илиоски.
Овие дилеми, продолжи тој, кои произлегуваат од нетранспарентноста на Заев го вознемирија македонскиот народ, вклучувајќи ги и членовите на ОМО Илинден кои жестоко реагираа заради тоа што биле заборавени и игнорирани.
- Овие дилеми ги разбудија и духовите во Бугарија кои целосно го негираат постоењето на Македонија и македонскиот народ. Тие веќе го протолкуваа договорот како ставање крај на македонизмот, а сиот овој атак не само што не беше демантиран, туку беше премолчен од институциите предводени од СДС, изјави Илиоски.
Посочи дека директорот на Националниот историски институт од Бугарија Божидар Димитров, вчера од Софија изјавил дека ниту МАНУ не смее да има став за договорот, особено за две точки од кои едната е менување во учебниците по историја.
- ВМРО најостро ги осудува ваквите антимакедонски ставови. Ваквите настапи се понижувачки и мора да бидат осудени. МАНУ мора да реагира и да покаже дека не е приврзок на Заев. МАНУ мора да излезе со став и околу договорот кој Заев има намера да го склучи со Бугарија. Молкот на МАНУ за вака суштински прашања, отвора простор за нови напади и нови омаловажувања. На ваквите напади мора да реагира и Министерството за надворешни работи бидејќи во прашање е угледот на државата и на врвната научна институција, изјави Илиоски.
Нагласи дека СДСМ најавуваше дебата по сите прашања, а сега целата јавност е сведок на нетранспарентност и затвореност за прашања кои длабоко задираат во историјата и идентитетот на Македонскиот народ.
Ново на Сител
-

Кривична пријава против осум лица од Виница и виничко за кривични дела во врска со бесправна сеча и транспорт на огревно дрво
-

МВР: Лишен од слобода скопјанец поради кражба на бакарни кабли во вредност од 200 000 евра
-

Во Чешка разбиена криминална група која шверцувала кокаин во торти
-

Физичка пресметка помеѓу пратениците во Парламентот на Турција
-

Во ГОБ „8-ми Септември“ повторно работи неврохируршката служба, оперирани двајца пациенти
-

Алиу на онлајн-состанок со странски експерти за кардиохируршки интервенции - процесот го водиме за независен стручен увид на состојбата
-

Словенечки вештак сведочи за несоодветни терапии во случајот „Онкологија“, судењето продолжува утре
-

Обезбедување украло бакарни кабли вредни 200.000 евра од градилиште во Центар
