Македонија
2. August 2015 - 13:07

Илинденски средби во беровско Владимирово

Во чест на големиот народен, државен и верски празник Илинден денеска во малешевското село Владимирово се одржуваат Илинденски средби.
 

Средбите започнаа со празнично биење на камбаната од селската црква и со утрена богослужба и литургија, на која покрај мештаните присуствуваат и голем број иселеници од Малешевијата, кои по традиција за Илинден го посетуваат родниот крај.
 

Со програмата за Илинденските средби во Владимирово е предвидена целодневна културно-забавна и спортска програма, во која учествуваат повеќе фолклорни групи, ансамбли и културно-уметнички друштва.
 

Одборот на Илинденските средби организира и фудбалски турнир.
 

Илинден со повеќе пригодни програми се одбележува и во општината Делчево. Централната општинска прослава се одржува во манастрирскиот комплекс „Свети Илија„ во селото Звегор, кое денес го слави и традиционалниот селски собор.