„Илијада“ прогласена за најдобра маска на Струмичкиот карневал
Маската „Илијада“ на Гимназијата „Јане Сандански“ е прогласена за најдобра во категоријата групна маска со 50 и повеќе лица на Струмичкиот карневал и и припадна парична награда од 1.000 евра. Покрај тоа, ова маска освои втора награда за алегориско возило и прво место од онлајн гласањето на публиката. Ова го соопшти жири комисијата на карневалот на денешната прес - конференција на која беа соопштени наградените маски во повеќе категории.
Во оваа категорија второто место и припадна на маската „Газели“-Радовиш во висина од 900 евра, а третата награда ја делат маските „Комедија дел арте“ на СОУУД „Димитар Валхов“ од Струмица и „Аладин во Ѕвездениот град“ на ДСУРЦ “Никола карев“ од Струмица.
Во категоријата на маски со 30 до 50 лица најдобра е маската „Порака“ на Здужението „Струма“, втора е „Пајаци на карневал“ на Карневалско здружение „Астра“, а третата награда ја маската „Холандија на дланка“ на ООУ „Видео Подгорец“.
Во категоријата групна маска со 20 до 30 учесници најуспешна е маската „Медени колачиња“ на ООУ„Сандо Масев“-Струмица, а маската „Моќта на боговите“ на ООУ “Маршал Тито“ Струмица го освои првото место во категорија на маски од 10 до 20 лица.
Маската „Гладијатор“, на Марија Иванова е најдобра во категорија од 1 до 5 лица.
Награда за најдобра дебитантска групна маска е „Звукот на деведесеттите“ на ООУ „Никола Вапцаров“-Струмица, а жири комисијата на сите учесници во карневалот ќе им додели плакети.
Вкупниот награден паричен фонд за карневалските награди изнесува 8.350 евра, а наградите на најдобрите карневалски маски ќе им бидат доделени утре.
Ново на Сител
-
Дејвис куп: Македонија стартуваше со максимални 3:0 против Малта
-
Пониква станува рехабилитациски центар за повредените од трагедијата во Кочани
-
Маринците пристигнаа во Лос Анџелес, но сè уште немаат наредба да интервенираат
-
Бројот на жртвите од масакрот во Грац се искачи на 11
-
Црвениот тепих од Канскиот фестивал се продава по едно евро за килограм
-
Витаминот Д може да спречи 30.000 смртни случаи од рак годишно, покажуваат истражувања
-
Тежина, звук и дамка: Клуч за избор на совршена лубеница
-
ЈСП Скопје: Средношколците имаат право на бесплатен јавен превоз за време на летниот распуст