Илија Плевнеш - In memoriam
Илија Плевнеш (36) млад македонски музички уметник и тонски дизајнер, кој ненадејно почина на крајот на јануари во Париз, вчера на 11 февруари во присуство на семејниот круг беше испратен во своето вечно живеалиште во Охрид.
Илија Плевнеш, кој е од својата четиригодишна возраст живееше во Париз, од својата најрана младост учествуваше како актер во различни театрски проекти. Тој го одбележа своето академско
образование со диплома за тонски инжинер на Институтот за супериорни звучни студии во рамките на париската ESRA.
Подоцна специјализираше во Њујорк, при тоа работејќи во познатото студио Quad Recording, каде што се снимени многу албуми на легендарни имиња на современата музичка сцена.
На филмски план оствари забележителна улога во македонско-францускиот игран филм „Тајната книга“, беше дел од уметничката екипа на тв филмот„Саленгро“ на Ив Буасе, и учествуваше во
францускиот докуметарен филм за Есма Реџепова.
Во кругот на основачите на Францускиот филмски фестивал во Охрид, реализира портрети на познати француски синеасти, како што се Клод Лелуш, Шарл Азнавур, Клод Милер и др.
Од основањето на Фестивалот на кинематографиите на Југоисточна Европа во Париз и Берлин, беше еден од ангажираните афирматори на Балканскиот филм во Европа.
На музички план, подолги години работеше заедно со својот брат Константин Плевеш на различни уметнички проекти, а неговиот албум „Далеку од проблемите“ со рап теми, се очекува да се
појави до крајот на годинава.
Ново на Сител
-
Арагчи утре во Москва ќе се сретне со Путин
-
Три лица се претставувале како полициски служеници, па едниот од нив физички нападнал возач
-
Штипјанец под присила подигал брзи кредити, го продал својот мобилен телефон и крадел пари од својот татко
-
Министерството за здравство обезбеди 300 паркинг места во Лимак за вработените во Клинички
-
Македонската амбасада во Израел: Евакуација преку воздушен пат засега е невозможна
-
Гутереш: Американските напади врз три ирански нуклеарни објекти се опасна ескалација
-
Лице барано за извршување затворска казна правело хаос во хотел во Лазарополе
-
Приведен возач од Македонска Каменица, возел со 1,87 промили алкохол во крвта