Фудбал
22. August 2016 - 12:57

Икарди останува во Интер

Капитенот на Интер, Мауро Икарди, реши да стави крај на шпекулациите околу неговото заминување од клубот и да потпише нов договор кој ќе трае до 2021 година.
 
Арсенал, Челзи, Наполи и Атлетико Мадрид, во актуелниот преоден рок покажуваа најголем интерес за Икарди, но тој решил да потпишен нов договор кој му гарантира преиходи од пет милиони евра годишно. Оваа сума може да биде и поголема бидејќи Аргентинецот ќе заработува и од продажбата на дресовите со неговото име.
 
Интер во новиот договор со Икарди ќе вметне и откупна клаузула која нема да биде помала од 100 милиони евра.