ИЈЗ: Десет нови случаи на голема кашлица регистрирани минатата недела
Во периодот од 16 до 22 август пријавени се десет нови случаи на голема кашлица, за 52,4% помалку во споредба со минатата недела, информираат од Институтот за јавно здравје. Најголем дел од случаите се пријавени во Скопје - четири, а пријавени се и два случаи од Куманово и по еден случај во Дебар, Битола, Кичево и Тетово. Две од новопријавените лица се хоспитализирани.
Возраста на заболените се движи од 2 месеци до 43 години, а најголем број на случаи се од возрасната група под една година. Во однос на вакциналниот статус на заболените, шест лица се некомплетно вакцинирани, невакцинирани или имаат непознат вакцинален статус, две се комплетно вакцинирани и две се вакцинирани согласно возраста.
Заклучно со 22 август во РСМ се регистрирани вкупно 1032 случаи на голема кашлица, со инциденца од 56,2/100 000 жители. Тоа претставува неколкукратно зголемување на бројот на заболени во однос на изминатиот петгодишен период, кога се регистрирани вкупно 10 случаи. Дистрибуцијата на случаите по однос на место на живеење покажува дека најголем број лица живеат во Скопје - 750, во Куманово се пријавени 83 заболени лица а во рамките на епидемијата во Тетово, пријавени се 59 заболени лица. Случаи се пријавени и во други 20 градови низ државата.
Од 18 јануари до 22 август годинава согласно податоците доставени од ЈЗУ Здравствен дом–Скопје, од службите за вакцинација утврдено е дека се пронајдени 21.696 деца пропуштени за вакцинација. Oд нив вакцинирани се 14.822 (68,3%). Од податоците од центрите за јавно здравје во земјава во истиот период пронајдени се 10.074 деца пропуштени за вакцинација, а од нив се вакцинирани 6.776 (66,9%).
Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) посочува на препораките за заштита и превенција на појавата на нови случаи на голема кашлица и да се спречи понатамошно ширење на заболувањето, нагласувајќи дека е потребно да се зголеми опфатот со примарната вакцинација со вакцина која ја содржи компонентата против голема кашлица со цел да се достигне препорачаниот од СЗО опфат од 95%, како на регионално и локално, така и на национално ниво.
Ново на Сител
-
МВР апелира граѓаните да не отвораат линкови од СМС пораки
-
ОЈО: Откриено поголемо количество амфетамин во Скопје, отворена постапка против шест лица
-
Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита
-
Полициски службеник од Гостивар фингирајќи кражба одзел предмети претходно запленети при претрес
-
Амандманската комисиска расправа за ребалансот на буџетот почнува в понеделник
-
Во мај за работите на коридорите 8 и 10д исплатени 681.026.665 денари
-
Поднесено обвинение против поранешниот директорот на Геријатрија и неговиот човек од доверба за примање поткуп
-
Погребот на Жота и Силва во сабота во Гондомар