-->
-->
Игуаин ќе остане без Златната копачка
-->

Најдобриот стрелец во Серија А и оваа сезона најдобриот играч на Наполи, Гонзало Игуаин, нема да може да настапи за својот тим во наредните четири натпревари, поради црвениот картон што го доби на неделното гостување на „Фриули“ во Удине. Исто така, Игуаин ќе мора да плати и 20.000 евра.
Дисциплинската комисија на Серија А реши драстично да го казни Аргентинецот, поради непримерното однесување по добиениот црвен картон. Игуаин, во моментот кога судијата Масимилијано Ирати му го покажа вториот жолт картон, се обиде физички да се пресмета со него.
Игуаин нема да биде во тимот на Наполи на натпреварите со Верона, Интер, Болоња и Рома.
Неиграњето на Игуаин дополнително ќе ги намали шансите на Наполи во борбата за шампионската титула. Аргентинецот сезонава има постигнато 30 голови во првенството.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Честитка од претседателот на Собранието Гаши по повод Рамазан Бајрам
-

ВМРО-ДПМНЕ: Законот важи за сите
-

СДСМ: Нема пари бидејќи ги крадат
-

СПМ: Институциите да постапуваат без селективност
-

Земјотрес во Грција, почувствуван и во Македонија и Албанија
-

Иран ја предупреди Велика Британија: Вашиот потег ќе влезе во историјата
-

Времен режим на сообраќај во недела во скопски Аеродром поради атлетска трка
-

Цените на нафтата се намалија
