Игор од Беранци згрижен во старечки дом во Прилеп
45-годишниот Игор Димковски од селото Беранци е сместен во старски дом во Прилеп од страна на Центарот за социјална работа во Битола. За него, неговиот татко и брат побараа помош да се смести во институција бидејќи сами не биле повеќе способни да се грижат за него, но и дека навечер го врзувале за креветот.
- Во соработка со МВР и со Брза Помош лицето беше однесено во Клиничка болница Битола и е утврдено дека лицето треба да биде згрижено и треба да му биде дадена помош и нега. За помалку од 24 часа лицето беше сместено во старски дом во Прилеп. Ќе биде добро згрижено, во иднина можно е да се обезбеди и друг облик за згрижување, изјави Моника Стојчевска, директор на ЦСР Битола.
Минатата недела социјален работник го посетил семејството Димковски во Беранци, а Центарот за социјална работа ќе продолжи да работи со таткото и братот на Игор.
- Пред да биде објавено во медиумите, бевме излезени на терен во семејството и постапувавме по друг ризик. Но во интерес на постапката не сме можност да откриеме. Ќе се работи со семејството, заради тоа што се појави друг ризик и ќе мора и понатаму да соработуваме, рече Стојчевска.
Игор е неподвижен и со дијагноза – душевна заостанатост, а неговата состојба беше влошена последниот период.
-
Маја Богоевска
Сите содржини од овој новинар
