ИГИНП ќе соработува со институтите за национална историја и за наследство на Албанците и Фондот за холокаустот
Институтот за геостратешки истражувања и надворешна политика (ИГИНП) при Министерството за надворешни работи денеска потпиша меморандуми за соработка со Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија (ФХЕМ), Институтот за национална историја (ИНИ) и Институтот за духовно и културно наследство на Албанците (ИДКНА).
Потпишувањето на Меморандумот меѓу ИГИНП и ФХЕМ подразбира соработки во истражувањата и останати активности кои се однесуваат на холокаустот и борбата против антисемитизмот, дискриминацијата, расизмот и ксенофобијата, соопшти МНР.
Потпишувањето на Меморандумот меѓу ИГИНП, ИКДНА и ИНИ ќе придонесе кон развивање и обезбедување на тесна меѓусебна соработка во сегментот на општествена, историска, културна и друг вид соработка од значење за Република Македонија.
Соработката, според соопштението, ќе се одвива преку размена на информации, искуства и знаења, користење на стручните капацитети во насока на развивање научно - истражувачки активности, заедничко планирање, подготовка и организирање на конференции, дебати, трибини, тркалезни маси, семинари, работилници, како и друг вид на активности во функција на изготвување соодветни препораки и други документи за прашања од општествено, историско и културно значење за Република Македонија.
МНР во соопштението најавува дека во текот на оваа година се планира заедничка организација на две меѓународни конференции.
Ново на Сител
-
Еврејски доселеници запалија џамија на Западниот Брег
-
Турција подготвува план за враќање на сириските бегалци
-
Врачена протестна нота на рускиот амбасадор Баздникин од страна на МНР
-
137 килограми марихуана запленета во камион на македонски државјани
-
Борисов: Балканскиот поток е гасовод на пријателството
-
Јаневска: Не дозволувам политички партии да печалат поени и да враќаат рејтинзи преку игри во образованието
-
40-годишник од Дебар со пиштол им се заканувал на малолетници
-
Мицкоски очекува денеска да се стабилизира состојбата во РЕК Битола и да продолжи редовното производство