ИФФК „Браќа Манаки“ од 18 до 27 септември во Битола

Под мотото „Филмот е убав“ од 18 до 27 септември во Битола ќе се одржи 36. Интернационален фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“. Годинашни лауреати на наградата за животно дело „Златна камера 300“ се кинематограферите Јаромир Шофр од Чешка, Ришард Ленчевски од Полска и Божидар-Бота Николиќ од Србија. Николиќ е првиот добитник и на наградата СЕЕ камера за придонес во балканското филмско наследство. Лауреатите на денешната прес-конференција ги соопшти директорот на фестивалот, Димитар Николов.
- Интенцијата на тимот оваа година беше фестивалот што повеќе да се регионализира, програмски и тематски и да си го најде местото меѓу најзначајните филмски фестивали на Балканот. Годинава решивме да има три лауреати. Направивме вистински избор. Лауреатите и покрај возраста ќе бидат на фестивалот, а двајца од нив ќе бидат и во жирито, рече Николов.
Појасни дека Ленчевски, како претседател и Николиќ, како член ќе бидат дел од меѓународното жири, заедно со Ерџан Кесал (сценарист и актер од Турција), Хајет Бенкара (продуцентка и организатор на светски фестивали) и нашиот режисер и сценарист Митко Панов.
Во рамки на фестивалот се предвидени повеќе работилници, презентации, мастер класи, ќе има изложба на фотографии на браќата Манаки, што ја подготви Роберт Јанкулоски, ќе се промовира книгата „Само сонот е јаве“ на Илинденка Петрушева. Мастер клас ќе одржи режисерот Милчо Манчевски кој ќе зборува за уметноста и вештинаата за режирање на кадарот. Манчевски ќе одржи уште еден мастер клас само на македонски јазик, со двајца млади актери, наменет за актери и филмски професионалци.
Николов истакна дека особено е важна соработката со сите државни универзитети од ЈИЕ регионот и додаде оти во Битола ќе пристигнат околу 60 студенти кои ќе учествуваат на многу работилници. Тој информира дека Фестивалот во соработка со една од најреномираните светски институции и филмски фондови за поддршка на нови таленти „Торино филм лаб“ ќе организира четиридневна регионална работилница за развој на чќетири сценарија. Студентската програма годинава ќе биде под закрила на Еуролинк и Американската амбасада во Македонија.
- Годинава ќе промовираме и два нови тематски пристапи кон филмот. Едната е „Земја во фокус“-Мексико, а другата е во соработка со реномираниот агент за продажба од Франција „Вајд“-програма на провокативни светски дела на млади автори од целиот свет „Ај он филмс“. Воспоставивме соработка и со Унгарската филмска лабораторија, која се согласи најдобриот филм во прогрматата „Нов европски филм“ да го награди со 10 илјади евра за пост-продукција, рече Николов. Им се заблагодари на поддржувачите на фестивалот Министерството за култура, градот Битола, Агенцијата за филм.
Краток осврт за делото на годинашниве лауреати даде уметничкиот директор на фестивалот Благоја Куновски - Доре. Беа претставени и креативните решенија и официјалните плакати за 36. издание на фестивалот, кои се дело на маркетинг агенцијата „Меккен Скопје“.
Поддржувачи на фестивалот се Вип оператор, БиМилк, Прилепска пивара и други.
Ново на Сител
-

Седумнаесет години од бродската несреќа на Охридското Езеро
-

Над илјада заразени во Европа од западнонилска треска
-

Патник од прва класа на лет во САД касал и удирал луѓе, па со селотејп го залепиле за седиштето
-

ЦУК: До 7:30 вкупно 31 пожар на отворен простор, од кои два се активни
-

Митева за Сител: Системот со карти за 8 Септември е поради безбедноста и за да нема огромни редици
-

Вучиќ: В среда или в четврток ќе ги распишам изборите
-

Над 15 отсто од Македонците се дебели – каде сме во споредба со Европа?
-

Трамп вели дека Кушнер и Виткоф одат во странство за да разговараат за мир во Украина
