-->
-->
ИЕА: ЕУ во јули увезла 70 проценти помалку гас од Русија
-->
Во јули, увозот на руски природен гас во Европска Унија е намален за околу 70 отсто на годишно ниво, со просечни дневни количини под 100 милиони кубни метри, се наведува во денешното соопштение на Меѓународната агенција за енергетика (ИЕА).
Во јули минатата година гасот увезен од Русија во Европа изнесуваше околу 300 милиони кубни метри дневно, а експертите на ИЕА за останатите месеци од 2022 година прогнозираат пад под нивото од 80 милиони кубни метри дневно.
Земјите-членки на ЕУ во првите седум месеци од минатата година увезувале околу 400 милиони кубни метри руски гас дневно, додека во истиот период од тековната година количините се веќе 240 милиони кубни метри дневно.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Кривична за скопски бизнисмен, не платил 12 милиони денари данок
-
Украински власти: Во рускиот напад на Киев загинаа девет лица, а 63 се ранети
-
Никола Анастасијески освои прво место на 16-то Државно првенство на бармени
-
Најмногу дожд во Крушево, времето денеска нестабилно, наместа со поројни врнежи и грмежи
-
Приведен 51-годишен кумановец, управувал возило со 2,05 промили алкохол во крвта
-
Агенти на СИПА се обиделе да го уапсат Додик во Источно Сараево, ги спречиле специјалци на Република Српска
-
Зеленски признава дека разговорите биле „емотивни“, алудирајќи на спорот околу Крим
-
Во Собранието пратенички прашања