Иџет Мемети избран за член на Советот на јавни обвинители
Пратениците со 61 глас „за“, без против и без воздржани на денешната седница ги избраа Иџет Мемети и Љупчо Ивановски за членови на Советот на јавни обвинители.
Покрај народен правобранител, Иџет Мемети е и поранешен министер за правда и поранешен уставен судија, државен советник во Владата, како и член на Државната изборна комисија.
Адвокатот Љупчо Ивановски бил заменик на општинскиот јавен обвинител во Скопје, а бил и заменик на народниот правобранител. Од 2006 до денес работи како адвокат.
Советот на јавни обвинители е самостоен орган кој ја обезбедува и гарантира самостојноста на јавните обвинители во извршување на нивната функција. Советот има својство на правно лице и е составен од 11 члена, од кои четворица членови на Советот ги избира Собранието на Република Македонија од редот на универзитетски професори по право, адвокати и други истакнати правници, од кои двајца се припадници на заедниците кои не се мнозинство во државата.
Мандатот на избраните членови на Советот трае четири години со право на уште еден избор.
Ново на Сител
-
Едно лице загина во пукање во американска воена база во Џорџија
-
Русија и Украина ги сменија командантите на најважното бојно поле
-
Забрана за товарни возила на патот Гостивар – Стража
-
Облачно со повремени врнежи од дожд, на планините снег
-
Реакција на Фрчкоски по прес-конференцијата на Муцунски
-
Рогов: Руските сили го освојуваат Курахов
-
Новата сириска влада ги предупреди граѓаните да не крадат јавен имот
-
Слаб снег провејува на Попова-Шапка и на преминот Пресека