Иџет Мемети избран за член на Советот на јавни обвинители
Пратениците со 61 глас „за“, без против и без воздржани на денешната седница ги избраа Иџет Мемети и Љупчо Ивановски за членови на Советот на јавни обвинители.
Покрај народен правобранител, Иџет Мемети е и поранешен министер за правда и поранешен уставен судија, државен советник во Владата, како и член на Државната изборна комисија.
Адвокатот Љупчо Ивановски бил заменик на општинскиот јавен обвинител во Скопје, а бил и заменик на народниот правобранител. Од 2006 до денес работи како адвокат.
Советот на јавни обвинители е самостоен орган кој ја обезбедува и гарантира самостојноста на јавните обвинители во извршување на нивната функција. Советот има својство на правно лице и е составен од 11 члена, од кои четворица членови на Советот ги избира Собранието на Република Македонија од редот на универзитетски професори по право, адвокати и други истакнати правници, од кои двајца се припадници на заедниците кои не се мнозинство во државата.
Мандатот на избраните членови на Советот трае четири години со право на уште еден избор.
Ново на Сител
-
Пронајдени шест тела на мигранти близу Сицилија
-
Голем шумски пожар во Лос Анџелес - Загрозени се повеќе од 35.000 згради
-
Шпанија потврди ќе му даде азил на лидерот на венецуелската опозиција
-
Сообраќајот се одвива непречено, по суви коловози, золемен интензитетот надвор од градските средини
-
Променливо облачно со слаб до умерен ветер, попладне се очекува пороен дожд проследен со грмежи
-
Пожарот во Националниот парк Дрина се шири и се приближува до куќи
-
Со возило на авто-школа удрен па истепан малолетник, а потоа нападната и неговата мајка
-
Воздухопловен ВИНГ - 32 години во служба на државата и гарант за воздушната независност