-->
-->
Иџет Мемеди: Албанците во јавниот сектор се застапени 19 отсто
-->

Нема доволна застапеност на заедниците во јавниот сектор и покрај тоа што принципот на правична застапеност е воведна уште со Рамковниот договор, констатирал Народниот правобранител Иџет Мемеди во Извештајот за застапеност на етничките заедници во јавниот сектор.
Според неговите податоци собрани од 1362 државни единици, од 138.326 вработени во јавниот сектор, 103.314 се Македонци. Од сите вработени административци и јавни претпријатија или претпријатија со државен капитал Албанците се застапени со 19 отсто, Турците со 1,9 отсто, Ромите со 1,3 отсто, Власите до 0,7 отсто, 1,5 отсто се Срби и 0,5 отсто Бошњаци.
Како најнегативен пример за непочитување на овој принцип Мемеди го наведе Врховниот суд каде од 57 вработени лица, 52 се Македонци и има по еден вработен Турчин, Србин, Ром, Влав..., но ниту еден Албанец.
Извештајот Мемеди прв пат го презентира пред собраниската комисија за политичми систем и се однесува на 2018 година.
Катерина Нешкова
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Филипче: Драстичен пад на странските инвестиции - дебакл на Мицкоски
-

Пуштена во сообраќај обиколницата околу Крива Паланка
-

Редовната проверка на пулсот може да спречи мозочен удар
-

Тема на денот со Татјана Алексиќ, професорка
-

Реактор истражување: Кој се грижи за мајчинството, менталното здравје и невидливиот товар на очекувањата?
-

Власта и опозицијата со нови обвинувања за притворот на Груби
-

Сад и Израел го нападнаа Иран
-

Амбасадата со поддршка за граѓаните
