Идните средношколци во Струмица најмалку интерес покажале за струки од тригогодишното образование
Идните средношколци во Струмица најмалку интерес покажале за тригогодишното образование за занимањата месаропреработувач/пекар, поледелец, конструкциски механичар, ракувач на машини и тесар, армирач, бетонирач и за нив не се пријавил ниту еден ученик, информираат од Општина Струмица.
Најголем интерес, пак, има во четиригодишното образование за образовните профили медицинска сестра, физиотерапевтски техничар, фармацевтски техничар, техничар за патен сообраќај, електротехничар за КТА, машински техничар за моторни возила и во гимназиското образование за природно-математичко подрачје.
Ова е констатирано по првото пријавување во трите средни училишта во Струмица, кое траеше од 14 до 17 овој месец.
Од вкупно пријавени 638 ученици во првиот уписен рок се запишале 586, а има 685 слободни места во Средните општински училишта „Јане Сандански“, „Никола Карев“ и „Димитар Влахов“.
Второто пријавување за упис во средните училишта ќе се врши на 23 и 24 јуни, а третото на 30 овој месец.
Ново на Сител
-
Три дискотеки се затворени оти не исполнуваат услови, иако имаат лиценци
-
178 пациенти на лекување во болниците
-
101 повреден во кочанската дискотека на лекување во странство
-
Разговор со д-р Шапира Шахар, шеф на израелскиот медицински тим
-
Професор Давиктовски: Истрагата за трагедијата во Кочани дава надеж дека ќе се откријат вистинските виновници
-
Преглед на вестите од светот
-
Докторите се борат за сите пациенти
-
Муцунски во Србија