Идната недела ќе биде распишан нов тендер за изведувач на Универзална сала

Тендерот за изведувач на Универзална сала не поминал и идната недела ќе биде одново објавен. Според министерот за култура и туризам Зоран Љутков, процесот ќе се одолговлечи за дополнителни два месеца односно до средината на јануари.
-За жал, добивме известување од Комисијата за жалби дека тендерот за Универзална сала не помина бидејќи имаше жалба или поплака во однос на изведувачот, кој беше единствениот изведувач. Според мене, проблемот не е суштински, но како и да е, има известување од Комисијата за жалби, така што наредната недела повторно ќе го повториме тендерот за Универзална сала, изјави Љутков одговарајќи на новинарско прашање при посетата на Театар Комедија.
На прашање дали Скопје ќе има нова Универзална сала до 2028 кога градот ќе биде европска престолнина на културата, министерот одговори дека процесот ќе се одолговлечи за уште два месеца и оти за новиот тендер ќе биде потребно помалку време.
-Сега постапката ќе трае малку пократко бидејќи фазата во која го изработувавме тендерот траеше околу 15-20 дена. Сега за таа фаза нема веќе забелешки, што значи дека веднаш ќе го распишеме тендерот кога ќе поминат десетте дена. Известувањето го добивме минатата недела, средата или четвртокот, и веднаш по завршувањето на тие десет дена ќе го објавиме одново тендерот. Тоа е околу 30 дена, се надевам дека до средината на јануари ќе го имаме новиот изведувач, рече Љутков.
Министерството за култура и туризам на 18 октомври информираше дека е завршена постапката за избор на изведувач за реализација на проектот за реконструкција на објектот на Универзална сала во Скопје и дека тој ден била донесена Одлука за избор на најповолен понудувач по јавната набавка за „Изведба на градежни и градежно-занаетчиски работи и ентериер на објект Универзална сала во Скопје – по принцип на изградба Клуч на рака“.
МИА
Ново на Сител
-

Макрон предлага забрана за користење на социјалните мрежи за лица под 15 години
-

Реакција на адвокатката Ивана Коцевска на употребата на нејзиниот лик на транспарент на „Маршот на ангелите“ во Кочани
-

Дипломатската служба на ЕУ предупредува: Одборот за мир на Трамп концентрира премногу моќ и ги крши принципите на ЕУ
-

ЕХФ ЕУРО 2026: Франција надмоќна против Португалија, постигна 28 голови во едно полувреме
-

Трамп се закани со 100-процентни царини за Канада доколку склучи трговски договор со Кина
-

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче е штетен за Македонија
-

Филипче: Вратите на СДСМ се ширум отворени за секој чесен социјалдемократ, за секој работник, за секој интелектуалец кој ѝ мисли добро на државата
-

Лажен „лекар од Словенија“ измамил 86-годишна жена од Виница за 30.000 евра
