Македонија
29. јуни 2017 - 9:48

ОН идната година со помал буџет за мировни мисии

Под притисок на САД, ОН ќе треба да го намалат буџетот за мировни мисии за околу 600 милиони долари (околу 7,2 отсто). Тоа е принципиелен договор постигнат во Њујорк по недели интензивни преговори.

Договорот треба да биде одобрен од Генералното собрание на ОН кое најверојатно утре ќе гласа за тоа.

ОН идната година ќе потроши 7,3 милијарди долари за операции за поддршка на мир наместо досегашните 7,87 милијарди.

САД кои финансираат најголем дел од тој буџет (28 отсто) бараа уште поголеми намалувања и ја намалија за една милијарда сумата што ја внесуваат во ОН (13 отсто). Вашингтон првично преложи буџет од 6,99 милијарди долари за годната од 1 јули 2017 до 1 јули 2018, но на крајот 193-члената буџетска комисија постигна договор за 7,3 милијарди долари за 13 мировни мисии.

Најпогодени ќче бидат мисиите на ОН во Дарфур во Судан и во ДР Конго кои се и најскапи операции (над една милијарда долари секоја).