-->
-->
ИДФ повикаа на евакуација на 29 села и градови во јужен Либан, пред нападите врз Хезболах
-->

Израелските одбранбени сили (ИДФ) денеска ги предупредија жителите на 29 села и градови во јужен Либан да се евакуираат пред воздушните напади врз либанската милитантна група Хезболах.
На жителите на 16 градови им беше наложено да се евакуираат најмалку еден километар од своите домови, додека на оние од 13 други градови им беше наредено да се упатат северно од реката Захрани, објави „Тајмс оф Израел“.
„Со оглед на кршењето на договорот за прекин на огнот од страна на Хезболах, ИДФ е принудена да дејствува против него со сила“, предупреди портпаролот на ИДФ, полковник Авичај Адраи.
Како што објави Ал Џезира, беа издадени предупредувања за 25 места во округот Набати и четири во Сидон.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Потпишан меморандум за соработка
-

Прв академски час на УГД - обpаќање на премиерот до бруцошите
-

Прв академски час на АУЕ-ФОН
-

Прв академски час, но и први студентски предизвици
-

Вештакот на Јованов тврди: „Пулс“ не бил реконструиран, туку само ентериерно уреден
-

Уапсени 20 лица во акцијата во Прилеп
-

Продолжува судењето за Пулс
-

Филипче: Собранието да го донесе законот за 600 евра минималец
