Свет
23. August 2015 - 12:01

Идентификуван напаѓачот од брзиот воз „Талис“ во Франција

Вооружениот маж, што беше совладан во петокот, во брзиот воз „Талис“ во Франција, е идентификуван како 25-годишен Мароканец Ајуб Ел Казани, за кого се верува дека има врски со радикално исламистичко движење, соопшти францускиот министер за внатрешни работи Бернар Казнев. 

Ел Казани вчера е испитан од страна на француската полиција за борба против тероризмот. Анализата потврдила дека нема сомнежи дека тој е истиот човек, што бил регистриран од службите во февруари 2014 година. 

Француските власти потврдија дека тој живеел во јужниот шпански град Алхесирас. 

Напаѓачот од возот на релацијата Амстердам-Париз е пренесен вчера утро во полициска станица за борба против тероризмот надвор од Париз каде полицијата може да го држи во против до 96 часа.