Свет
20. January 2016 - 21:20

ИД се повлекува од Ирак и Сирија

Групацијата Исламска држава се повлекува од Ирак и Сирија, каде меѓународната коалиција, предводена од САД, се обдува да ги уништи нејзините центри на власт во градовите Мосул и Рака, изјавија денеска во Париз американскиот министер за одбрана Ештон Картер и неговиот француски колега Жан Ив ле Дриан.

Картер и Ле Дриан овој коментар го и изнесоа на крајот од средбата во Париз меѓу министрите за одбрана на седум земји од коалицијата против ИД.

- Нашите заеднички напори ги даваат своите плодови. На терен ИД се повлекува. Ние успеавме да ги засегнеме нејзините ресурси. Сега е моментот да ги зајакнеме нашите колективни напори и во пракса да ја примениме колективната и соодветна стратегија, рече Ле Дриан. 

Картер наведе три клучни цели во борбата против ИД, „уништување на туморот на ИД, преку освојување на нејзините центри на власт во Рака и Мосул, борбата против метастазите на тој тумор во светот и заштита на населението на окупираните територии“.

Двајцата министри ја повикаа Русија да престане да извршува напади врз сириската опозиција, кои ги означија како лош стратеши чекор. 

- Русија е важен играч во однос на сириското прашање. Ние сме свесни за тоа, но би сакале таа да се фокусира на ИД и да претстане да извршува воздушни напади врз бунтовничките групи, кои исто така се борат со ИД, рече Ле Дриан.

На крајот на денешната средба САД ги поканија сите 26 земји, кои учествуваат во коалицијата, на средба во Брисел по три недели. Средбата ќе се одржи исто така на ниво на министри за одбрана.