-->
-->
ИД презеде одговорност за самоубиствениот напад во Кабул
-->

Џихадистичката група Исламска држава (ИД) презеде одговорност за денешниот самоубиствен бомбашки напад во главниот град на Авганистан, Кабул, при што, според последните податоци, загинаа најмалку 29 лица, а 52 други се ранети.
- Маченичката операција извршена со елек со експлозив, беше насочена против шиитите собрани на прославата на нивниот празник Невруз во Кабул, се наведува во соопштението на ИД.
Како што претходно соопшти авганистанското Министерството за внатрешни работи, нападот се случил во близина на шиитското светилиште во западниот дел на Кабул.
Нападот е извршен додека поголема група шиитски верници го чествувале празникот Невруз, со кој се одбележува почетокот на персиската Нова година.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Иванка Василевска, пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ
-

Преглед на вестите од светот
-

Ветото е моќна алатка - Бугарските европратеници остро против новиот пристап за проширување на ЕУ
-

Мицкоски охрабрен од новите предлози на Кос
-

Не помина предлогот за минималец од 600 евра - Од 105 присутни пратеници само 13 гласаа „да“
-

Инфлација од 2,7% во септември, измери статистиката
-

И догодина ќе точиме скапо гориво?
-

Судот му одреди мерки за претпазливост на вишиот обвинител од Битола
