-->
-->
ИД презеде одговорност за нападот врз приватната телевизија во Кабул
-->
Терористичката организација Исламска држава презеде одговорност за денешниот напад врз приватна телевизија „Шамшад“ во главниот град на Авганистан, Кабул.
Припадници на авганистанските безбедносни сили соопштија дека пред нападот се слушнала експлозија. Според истите извори, еден од напаѓачите бил убиен од страна на обезбедувањето на телевизијата, додека другиот започнал претстрелка со чуварите, кон кои фрлил и рачна бомба.
Телевизијата што емитува програма на паштунски јазик, поради нападот времено престана со работа.
Во соопштението на безбедносните сили не е наведено дали има жртви при нападот. Набрзо по нападот се огласија талибанските бунтовници, кои негираа нивна поврзаност со инцидентот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Во Египет откриена гробница на фараон стара 3.600 години
-
Анчелоти идната недела на суд за даночна измама
-
Попладне пороен дожд, грмежи и засилен ветер
-
Четири млади лица приведени во кавадаречко, поседувале бела грутчеста материја
-
За време на продолжениот викенд јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен ред
-
Четири лица, од кои двe малолетни, фатени на дело при обид за кражба во Куманово
-
Илон Маск ја продаде својата компанија „Х“ на друга своја компанија
-
Претрес во Кочани, пронајдена кафеава прашкаста материја и марихуана