ИД презеде одговорност за нападот пред Амбасадата на Ирак во Кабул
За денешниот напад пред Амбасадата на Ирак одговореност презеде Исламска држава.
Во соопштението објавено на агенцијата на ИД, Амак, се наведува дека двајца борци на џихадистичката организација го извеле самоубиствениот напад пред Амбасадата на Ирак во центарот на Кабул.
ИД тврди дека во нападот убиени се најмалку седум припадници на обезбедувањето на Амбасадата, како и дека при експлозиите урнат е влезот на дипломатската мисија.
Според неименуван претставник на авганистанската полиција при нападот загинале петмина припадници на обезбедувањето на Амбасадата, а во објектот влегле двајца или тројца напаѓачи.
Во инцидентот повреден е еден авганистански новинари.
Според портпаролот на авганистанското Министерство за внатрешни работи, Наџиб Даниш при нападот не настрадале ирачките дипломати.
Ново на Сител
-
Медицинска опрема вредна 13 милиони евра не се користи и скапува во подруми утврди ДЗР
-
Засега ќе нема нови мерки за цените – хигиенските производи во дел од маркетите поскапеа за над 50%
-
Отворена новата градинка „ Пролет“ во општина Центар
-
Преглед на вестите од светот
-
Коцевски: Идниот месец обвинение за Кочани
-
Филипче: Владејачката коалиција ќе се распадне
-
Нова градинка во скопски Центар
-
Годинава само половина од планираните површини ќе се посеат под ориз