Свет
20. August 2015 - 14:02

ИД презеде одговорност за експлозијата во Каиро

Џихадистичката група Исламска држава (ИД) денеска презеде одговорност за експлозијата на автомобилот-бомба пред полициската станица во Каиро, во која се повредени најмалку 29 лица, меѓу кои шест полицајци.

- Борците на ИД успеаја да извршат напад со автомобил-бомба врз зградата на полицијата во центарот на Каиро, се наведува во соопштението на екстремистичката група, објавено на Твитер.

Бомбата поставена во предградието Шубри во Каиро, пред зградата во која се наоѓа центарот за истражување закани по националната безбедност, експлодирала во текот на минатата ноќ.