Свет
13. September 2016 - 16:50

ИД објави брутална видео-снимка од погубување на затвореници

Празникот Курбан бајрам Исламска држава го одбележа со објавување на брутална видео-снимка на која се прикажани заклани затвореници кои висат со главите надолу, обесени на куки.

Видеото е снимено во кланица во Деир ал Зур во Сирија. Убиените затвореници биле обвинети за шпионажа.

Видео-снимката е наречена „Создавање илузија“ и е објавена вчера на првиот ден од Курбан бајрам. Во видеото од 12 минути се појавуваат и инсерти од филмот „Невозможна мисија“ со Том Круз и Сајмон Пег, како и инсерти од терористички акции на ИД, вклучително и нападите во Париз и Ница.