Свет
7. May 2017 - 14:59

ИД нападна воена база во северен Ирак

Неколку бомбаши-самоубијци на Исламска држава нападнаа база во северен Ирак, каде се стационирани американски воени советници.

Двајца од напаѓачите синоќа го активирале експлозивот што го имале на себе на влезот на базата „Кеј-1“, а другите тројца бомбаши-самоубијци биле убиени од курдските борци, пешмерги, кои го контролираат реонот на Киркук, каде се наоѓа и базата.

- Тие носеа униформи на пешмергите, а имаа и бради за да изгледаат како нас, изјави неименуван офицер.

Тој додаде дека во нападот загинале двајца курдски борци, а шестмина се повредени.

Ирачките сили со поддршка од коалицијата предводена од САД се борат за протерување на ИД од Мосул, кој е 140 километри северозападно од Куркук. Но, се уште има територии кои се под контрола на ИД, вклучително и градот Хавиџа, во чија близина се наоѓа нападната база.