ИД на кратко го зазеде центарот на градот Сабрата, во западна Либија

Сојузниците на Исламска држава го зазедоа центарот на Сабрата, град во западна Либија и локација од која мигрантите се упатуваат кон Европа, изјави високиот претставник на либиската војска, Тахер ал Гарабили.
Тој истакна дека опсадата траела кратко и дека либиските воени сили рано изутринава ги принудиле милитантите на ИД да се повлечат.
Напаѓачите го освоиле центарот на Сабрата користејќи го безбедносниот вакуум во центарот на градот, во момент кога либиските војници биле зафатени со рации во другите делови на градот.
- Терористите од ИД ги оставиле зад себе телата на 12 либиски војници со отсечени глави, рече Гарабили.
Во воздушните напади на САД минатата недела врз базата на ИД во Сабрата загнаа повеќе десетици милитани. Во тие напади загинаа и двајца службеници на Амбасадата на Србија во Либија, кои биле киднапирани во ноември минатата година.
Ново на Сител
-

Кривична пријава за поранешен директор на Здравствен дом Куманово кој го оштетил буџетот за над 21 милион денари
-

Тема на денот со Орце Ѓоргиевски, градоначалник на Скопје
-

Груби на распит во Обвинителство
-

Груби на распит во Обвинителство
-

Груби слушна за што го гони Обвинителството
-

Што се крие зад враќањето на Груби? Партиите си разменија обвинувања
-

Радев: Прво Бугари во Уставот па потоа преговори
-

Давитковски: Правосудниот испит законски се полага само на македонски јазик
