Фудбал
23. јуни 2021 - 12:16

Ибра на одмор во негов стил

Златан Ибрахимовиќ не успеа во обидот да заигра за Шведска уште еднаш на големите натпреварување, откако се повреди во финишот на сезоната, и додека неговите сонародници веќе се пласираа во осминафиналето, тој ужива на одмор со крстосување на Средоземното море, и секако со фолк музика.
 
Преку Инстаграм, тој прати видео со синото море, но и со песната на Осман Хаџиќ, „Рана како рана“.
 
Неговата љубов кон фолк музиката од просторите на поранешната Југославија стана хит и во Италија, по неговото видео со песната на Нада Топчагиќ. Истата песна тој ја изведуваше на фестивалот во Санремо.