Македонија
23. September 2016 - 14:25

И затропал на вратата од куќата па се обидел да ја ограби

38-годишниот насилник Ф.А. од Делогожда, струшко, заработи кривична откако околу 02 часот пристигнал во Ново село и затропал на вратата од куќата на 56-годишната З.Д.
 
Истата ја отворила вратата откако Ф.А. и кажал дека сака леб, по што влегол внатре. Во момент кога З.Д. се упатила кон кујната, пријавениот ја заклучил влезната врата, почнал да ја влече со цел да ја онеспособи и да изврши пребарување по куќата. Притоа, жената  успеала да земе секира и  да го удри  пријавениот по главата. Откако Ф.А. паднал на подот,  З.Д. избегала од куќата и побарала помош кај соседите.
 
По кратко време со нив се вратила во куќата, но напаѓачот не бил таму.