И во Шпанија студентите подготвуваат протести против Израел

Студенти ширум Шпанија во наредните денови најавуваат протести против „геноцидот што Израел го спроведува во Палестина“ по примерот на универзитети во САД, Холандија и Белгија, изјавија нивните претставници за шпанските медиуми.
На Филозофскиот факултет во Валенсија студентите веќе една недела спијат во шатори и секојдневно протестираат.
„Бараме од нашиот универзитет да ги прекине сите врски со институциите и компаниите кои соработуваат со Израел“, изјави 20-годишната Естер Монге, студентка по политички науки и социологија за весникот „Ел Паис“.
Во моментов во голем број универзитети одржуваат состаноци на кои студентите и професорите гласаат за блокадите на факултетите.
„Студентскиот совет ќе одлучи за активностите во наредните денови“, рече Марија Хозе Лера, координаторка на Палестиниум, група на солидарност со палестинските аспирации.
Моментно според шпанските медиуми, се одржуваат состаноци на универзитетите во Мадрид, Сарагоса, Барселона, Жирона, Гранада и други градови.
Стотици студенти вчера се собраа пред Универзитетот во Барселона, каде ги развирија своите транспаренти.
Во Мадрид се уште нема кампување за протести, но има протести. На автономниот универзитет во Мадрид, планираното предавање за НАТО беше откажано под притисок на пропалестинските демонстранти.
На универзитетот, Universidad Complutense de Madrid, е објавена декларација со наслов „Со Палестина, против геноцидот во Газа“.
„По влошувањето на насилството врз палестинскиот народ, ги повикуваме професорите, истражувачите и вработените во администрацијата да се спротивстават на колективното казнување на Палестинците што го спроведува Израел“, се вели во декларацијата усвоена од администрацијата на Факултетот за политички науки и социологија.
„Сведоци сме на геноцидот врз палестинскиот народ, што е продолжение на децениското систематско насилство врз палестинскиот народ и негова присилна емиграција“, се вели во декларацијата објавена на веб-страницата на факултетот.
Ново на Сител
-

Абази го презентираше извештајот за работата на ОЈОГОКК пред Советот на јавни обвинители
-

Мисајловски: Испораката на воената опрема е во завршна фаза, склучени се и нови договори со САД
-

Се санираат штетите по невремето
-

Преглед на вестите од светот
-

ВМРО-ДПМНЕ: На Венко Заев му смета македонската дијаспора да гласа, Апасиев алчен за повеќе пари
-

СДСМ: Нема поддршка за измени на Изборниот законик
-

Соколарчани на протест, стравуваат за својата безбедност
-

Спасителите на планина активни на терен
