И во развиениот свет, особено во Европа, се зголемува сиромаштијата
Се поголем број на Европејци живеат во„релативна сиромаштија“ објави Меѓународната организација на трудот (ИЛО), предупредувајќи дека недостигот на квалитетни работни места во светот се заканува да го уништи напредокот во намалувањето на сиромаштијата во текот на изминатите децении.
Оваа агенцијата на ОН истакнува дека сиромаштијата е драстично намалена во земјите со среден приход, но дека останала многу висока во Африка и поголемиот дел на Азија, и дека речиси две третини од Африканците и понатаму живеат во екстремна или умерена сиромаштија, јавува денеска Фена.
- Во развиениот свет дојде до апсолутен пораст на сиромаштијата, особено во Европа, истакна шефот на ИЛО, Геј Рајдер.
Денес скоро две милијарди луѓе живеат во услови на екстремна сиромаштија, со помалку од 3,1 долари дневно.
Додека стапката на сиромаштија значително е намалена во земјите со среден приход, како што се Кина и земјите во Латинска Америја, се уште е екстремно висока во Африка и бележи пораст во Европа и САД.
Главната причина за искоренување на сиромаштијата, како во богатите така и во сиромашните земји, е недостигот на пристојни, сигурни работни места, со сигурен приход и други права.
Речиси една третина од луѓето, кои живеат во екстремна и умерена сиромаштија во земите кои се во развој, имаат работа, се наведува во извештајот на ИЛО.
- Класната разлика е исто така голем проблем во решавањето на сиромаштијата, истакна експертот за социјални и економски прашања на ИЛО, Рејмонд Торес.
Тој истакна дека 30 проценти од светската популација, која се смета за сиромашна, поседува само два проценти од глобалниот приход.
Ако глобалната заедница сака да ја искорени екстремната или умерената сиромаштија треба да потроши 0,8 проценти од глобалниот БДП, но Рајдер истакнува дека тој товар е драстично неизедначен.
За земјите во развој во целина, таа амбициозна цел бара вложување во износ од 21 процент на невниот БДП, додека на пример за африканскиот Малави ќе бидат потребни 78 проценти од БДП, заклучува Рајдер, пренесува Хина.
Ново на Сител
-
Посебен режим на сообраќај во Скопје
-
САД од утре со 104 отсто царини на увозот од Кина
-
Ја продолжувам работата на Цепенков и Мисирков | Томче Јосимовски | ПРОфесија | Sitel Podcast 089
-
Бројот на жртви по уривањето на покрив во ноќен клуб во Доминиканската Република се искачи на 27
-
Грир: Царините утре стапуваат во сила, паралелно со преговори со некои земји
-
Трамп најави можен договор со Јужна Кореја и чека Кина да се јави
-
Пад на руските приходи од нафта и гас
-
Американските берзи го отворија денот со раст