И во Бугарија протест на земјоделците

Стотици бугарски земјоделци денеска протестираа во Софија бидејќи, како што наведоа, Владата не презема ништо за да ги реши нивните се поголеми проблеми, а протестите ќе продолжат и утре.
Демонстрантите го повикаа бугарскиот министер за земјоделство Кирил Ватев да поднесе оставка поради неисполнување на ветувањата за олеснување на административниот товар на земјоделците, како и неможноста на државата да ги олесни нивните високи трошоци и падот на приходите.
Според извештаите, бугарските земјоделци, како и нивните колеги во другите делови на Европа, се фрустрирани од сегашните регулативи на Европската унија, тешкотиите што произлегуваат од зголемувањето на трошоците за набавка на ѓубрива и цените на енергијата поради војната во Украина, како и зголемениот увоз на неконкурентни земјоделски производи кои ги намалуваат цените на домашните производи.
Венцислав Варбанов, кој претседава со Здружението на земјоделски производители, рече дека „владата додава уште непотребни товари, наместо да бара некакво олеснување за земјоделците“.
„Нашите интереси не беа заштитени дури и кога не поплави евтина украинска стока, а немаме ни буџетски гаранции за загубите што ги претрпевме поради војната во таа земја“, рече тој.
Во меѓувреме, Националната асоцијација на производители на жито (НАЗ), која обединува голем број производители на жито во Бугарија, најави протестни акции за утре со почеток во 10 часот со неограничено времетраење.
Таа одлука членовите на тоа здружение ја донеле по денешната седница во Владата, бидејќи подрачните ограноци на НАЗ едногласно оцениле дека предлогот на државата е незадоволителен и неприфатлив.
По повод изјавата на премиерот Николај Денков дека се предвидува финансиска поддршка да добијат само производителите на жито кои можат да докажат загуба за 2023 година, здружението потенцираше дека бара некаков вид обештетување за сите производители на жито.
Ново на Сител
-

Просечната нето-плата во септември 49.141 денар
-

Лагард: Европа реагира предоцна во кризите
-

По масовниот прилив на мигранти во Сеута за 650 отсто зголемени пријавите за сексуални напади
-

Кривична за тројца полициски службеници кои малтретирале малолетник во Охрид по обид за бегство со мопед
-

Синдикатите повикаа на генерален штрајк во Италија – Планирани се 100 демонстрации
-

Николоски: Целосна реконструкција на патот Валандово-Струмица, следната година активности за патот кон Дојран
-

Отпушок од цигара причина за пожарот во ГОБ „8 Септември“, нема повредени
-

Потпишан петгодишен протокол за соработка со Универзитетот Тракија, обука за македонските здравствени работници во Едрене
