Македонија
4. October 2020 - 16:51

И во Битола журки без почитување на Ковид мерките

Непочитување на здравствените протоколи за заштита од Ковид 19, затекнале пазарните

инспектори при вчерашната контрола во еден од угостителските објекти во Битола доцна синоќа, а за кој излегоа и видео снимки во јавноста каде може да се забележи немање дистанца меѓу присутните и неносење маски.

Директорот на Државниот пазарен инспекторат, Стојко Пауновски вели дека се правело забава во објектот, што е прекршување на здравствените протоколи по член 205 и 206, а инспекторите кои

направија записник за настанот, за овој случај ќе поднесат кривична пријава која во рок од три дена се доставува до обвинителството.

Вчера во Битола имало уште едно прекршување, пазарите инспектори утврдиле дека друг угостителски објект го пречекорил работното време за кој ќе има прекршочни мерки. Пауновски потенцира дека токму угостителските објекти кои работат навечер и каде се прават забави и има гужви се најголемиот проблем моментално кога се работи за прекршување на мерките и протоколите за заштита од Ковид-19.

Инаку во Битола, пред повеќе од еден месец беше одржан концерт на Хераклеја каде имаше

прекршување на мерките, односно имаше повеќе публика од дозволеното, не се носеа маски, а не се одржуваше ни растојание. После тоа, се одржаа повеќе концерти на повеќе локации во

градот каде се почитуваа мерките.

Инаку според денешната статистика, во Битола има активни 76 случаи на заболени од Ковид 19.