И уставни судии на линија со Пендаровски за мандатот за Влада
И дел уставни судии се на ставот на шефот на државата Стево Пендаровски околу тоа дали тече уставниот рок за доделување на мандотот за составување на Влада.
Според нив, ригидното толкување на Уставот би значело дека треба да се чека затворање на конститутивната седница, но тоа не одговара на политичкаситуација, и на досегашната пракаса. Прагматичното толкување на Уставот би значело дека конституирањето ан парламентот е завршено со верифиакцијата на мандатите на пратнеиците, односно на 4 август. Според ова, крајниот рок за доделување на мандатот за составување на Влада од страна на Претседателот истекува во петок.
„Независно што нема избрано собраниски спикер, шефот на државата ќе испрати известување дека го доделил мандатот до институцијата претседател на Собраниењто, а не до конкретно име“, велат извори од Уставниот суд.
Сепак, официјален став од Уставниот суд тешко дек а ќе може да се добие бидејки претседателот на судот и еден уставен судија се позтивини на коронавирус.
Пендаровски пресече до петок ќе го додели мандатот за составуавње на влада, независно од ставот на претседавачот и поранешне претседастел на парламентот Талат Џафери дека тоа нема да биде уставно. Пендаровски како шти соопштуваат од неговиот кабиент, се консултирал со експерти и заклучил дека парламентот е конституиран уште на 4 август и дека тече уставниот рок од 10 дена за доделување на мандатот.
Спротивно на ова Џафери, како претседавач, не го известил шефот на државата дека паерламентот е конституиран бидејки конститутивната седница не е затворена и не е направен избор на претседател на Собранието. Според Џафери тоа бил клучно, бидејки повратното известување на Пендаровски дека доделил мандат треба да го достави до собранискиот спикер, а тој не бил избран.
Катерина Нешкова
Ново на Сител
-
Нема опасност за населението од излевањето на Маркова река, уверуваат локалните власти
-
Путин се сретна со Додик во Москва
-
Предлог-измените на Законот за субвенциониран студентски оброк поминаа на собраниската Комисија за финансирање и буџет
-
Додик: Ниту побарав, ниту добив руско државјанство
-
Средба на претседателката Сиљановска-Давкова со учесниците на програмата „Конекција Оксфорд“
-
Отворена нова истрага против Марин Ле Пен - за закани кон судии
-
Заматена водата за пиење во Кавадарци
-
Предлог-измената за забрана на пиротехника во затворен простор помина на собраниската Комисија за одбрана и безбедност