Македонија
20. May 2020 - 16:54

И третиот пакет владини мерки под лупа на антикорупционерите

Владините мерки за помош на економисјата и граѓаните под лупа на антикорупциска. Оттаму за Сител посочуваат дека интензивно се следат сите најави за делење на државни пари, но со официјален став дали оваа помош се злоупотребува за поткуп на граѓани особено по најавите за одржување избори, антикорупционерите ќе излезат откако одговори ќе побараат директно од економските соработници на Владата. Потенцираат дека нивната цел не е да се наштети онаму каде потребата за државна помош е огрома, но не смее да се дозволи економската криза да се користи за други цели.

Во меѓувреме владејачката партија и денеска се пофали дека со третиот пакет мерки директно се помага на над 730 000 граѓани. Според опозицијата, се работи за чист поткуп на граѓаните во пресрет на изборите.

Работата на Владата за време на коронакризата ја следи и Центарот за граѓански комуникации. Нивните анализи покажуваат дека итни јавни набавки за време на вонредната состојаб се потрошени над 3,2 милиони евра, а дури 71% од овие пари завршиле кај само 5 фирми.

Во отстуство на упатство или стандардни обрасци за набавка, продолжуваат значајните разлики во цените. Во овој период, најголеми разлики се забележуваат кај скафандерите и ракавиците. Скафандерите се купувале по цени од 262 до 1.156 денари, а ракавиците од 2,83 до 9,32 денари за парче, наведуваат од Ценарот.