-->
-->
И Том Хенкс типувал на Лестер
-->

Познатиот холивидски актер и оскаровец, Том Хенкс, на премиерата на својот нов филм „Холограм за кралот“, на новинарите им открил дека пред почетокот на сезоната се обложил дека Лестер ќе ја освои Премиерлигата.
Том Хенкс е љубител на фудбалот, навивач на Астон Вила, екипа која по завршувањето на сезоната ќе ја напушти Премиерлигата.
„Астон Вила испадна од лигата? Ах, сакате да ме расплачете. Но нема врска. Знаете што направив пред почетокот на сезоната? Вложив 100 фунти на Лестер, мислам дека сум обезбеден“, рекол Хенкс.
„Никогаш нема да дознаете, можеби се обложив, можеби не. Зарем вие медиумите не треба да најдете некоие локално момче, кое пред почетокот на сезоната вложило 25 фунти на својот омилен тим и кое наскоро ќе биде богато“, завршил актерот.
Доколку Хенкс навистина ја уплати спомената сума, 100 фунти, на Лестер, тогаш тој ќе заработи 500.000 фунти, бидејќи коефициентот за титулата на Лестер, пред почетокот на Премиерлигата беше 5.000.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Земјоделците (не)задоволни од новите построги правила за субвенции
-

Тема на денот со Младен Чадиковски, претседател на ЗНМ
-

Владата избра 9 нови амбасадори
-

Советот на јавни обвинители даде позитивно мислење за четворица кандидати за државен јавен обвинител
-

Вонреден инспекциски надзор во Правда, бараа објаснување за полагање на правосудниот испит
-

Уставен пред комплетирање - се чека изборот на нови судии за одлука за Законот за јазици
-

Протест на ССМ пред Владата
-

СДСМ обвинува дека Мицкоски го користел владиниот авион приватно, Владата демантира
