-->
-->
И тоа е проблем, нема обезбедување за неделниот дуел на Барса?!
-->
Натпреварот од седмото коло во Ла Лига помеѓу Барселона и Лас Палмас, кој на програмата е в недела, би можел да биде одложен поради безбедносни причини.
Лидерот на табелата во Ла Лига, Барселона, треба да го пречека Лас Палмас на денот кога ќе се одржи референдумот за независноста на Каталонија.
Официјален Мадрид го прогласи референдумот за нелегален, стравувањата се дека на улиците можат да има инциденти поради што ќе има зголемено присуство на полицијата.
Поради референдумот властите не се во можност да обезбедат доволен број полицајци кои треба да го обезбедуваат натпреварот.
Капацитетот на стадионот „Камп Ноу“ е 99.000 седишта, а се претпоставува дека на мечот со Лас Палмас ќе има околу 70.000 гледачи.
Утре треба да биде решено колкав број полицајци е потребен за да биде гарантирана безбедноста на гледачите и играчите на „Камп Ноу“, односно дали мечот ќе биде одложен или не.
„Ќе биде тоа посебен ден во историјата на нашата земја, но ние мораме да бидеме фокусирани на фудбалот. За нас е исклучително важно да победиме на неделниот натпревар“, рекол потпретседателот на Барселона, Жорди Кардонер.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Александар Николоски, вицепремиер
-
Договор за стратешко партнерство со Велика Британија
-
Експертите ја поздравуваат најавата за инвестиции
-
Зоврива албанскиот блок со заострена реторика пред локалните избори
-
Загрижувачки 30 проценти од бремените жени се соочуваат со анксиозно-депресивни потешкотии
-
Инциденцата и преваленцата на малигни заболувања кај пациентите од истокот е во пораст
-
Преглед на вестите од светот
-
Стартува инвестиција на „Шахтерм“ - Турска фабрика за греачи за бела техника