-->
-->
И ТОА Е МОЖНО: Се породила во тоалет и се вратила да го доигра натпреварот!
-->
Позната кинеска одбојкарка се породила во школскиот тоалет, бебето го оставила во грмушка и се вратила на натпреварот, пишуваат државните медиуми.
На тинејџерката, како што се наведува, контракциите и почнале за време натпревар од женското одбојкарско првенство за млади од 18 години, пренесува АП.
Бебето го пронашол минувач, кој ги прател трагите од крв по теренот за да ја пронајде мајката, се наведува во полицискиот извештај.
- Ја видов на теренот додека се одмараше. Изгледаше добро по породувањето. Претпоставив дека има силен организам штом се породила за време на натпревар, сведочи минувачот.
Новороденчето и мајката се префрлени во болница каде е утврдено дека се добро, се додава во соопшението.
Вонбрачните деца во Кина воглавно се напуштени од родителите поради социјалните и финансиски притосоци. Политиката на планирано семејство во Кина подразбира драстични казни и за брачните парови кои имаат повеќе од две деца.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
РСБСП: Внимателно и одговорно возење за време на празниците
-
Приведен крадец од Струмица, одземеното вратено на сопственикот
-
Земјотрес од 4,1 степени утрово во Србија
-
Јавниот превоз во Скопје утре по неделен возен ред
-
Приведени двајца криумчари, пронајдени мигранти од Кина
-
Приведен грчки државјанин поради давање поткуп
-
Имигрант од Лаос кој се лекува од рак доби џекпот од 1,3 милијарди долари
-
Лејкерси елиминиран од Денвер во првото коло на НБА плејофот