Македонија
14. August 2019 - 16:25

И Струга воведе мораториум за градби

Мораториумот за градба и Акцискиот план за спроведување на препораките на УНЕСКО во Струга помина на стаклени нозе .Дел од советниците се скептици тие велат дека планот има само декларативна природа и дека воопшто нема да се спроведе. И покрај тоа што од општина Струга потенцираа дека мал е бројот на дивоградби советниците тврдат дека градежната инспекција има донесено илјадници решенија за отстранување на бесправно изградените објекти.

Коалиционите партнери СДСМ- и ДУИ во повеќе наврати со спротиставени ставови за градот . Советникот Ѓуроски истакна дека доколку општината нема капацитет да ги спроведе препораките ќе побараат помош од државата за да се зачува регионот под Унеско.

Инаку на денешната седница на советот на општина Струга пред гласањето на акцискиот план помина и точката која предвидува изградба на деветканица на самиот кеј на езерото меѓутоа како што велат советниците со потврда од Комисијата на Унеско.