И синот на Ружин под покривот на Жерновски
Велат дека се борат против партизацијата на институциите, а во оние кои ги водат се вработува исклучиво партиски. Продолжува скандалот на Андреј Жерновски со партиско-роднинските вработувања во Општина Центар.
Марко Ружин, синот на Нано Ружин кој е висок функционер во ЛДП и бивш амбасадор, од пред некое време работи во Општина Центар.
Според извори од ЛДП, вработувањето на младиот Ружин паднало како пазар во внатрешните игри во ЛДП.
- Своевремено, Нано Ружин беше опозиција на Жерновски во партијата, за да се смири ситуацијата падна договор за вработување на неговиот син, вели нашиот извор.
Во оделението за односи со јавноста, Жерновски го вработил членот на извршниот одбор на подмладокот на ЛДП, Емил Лазаравески.
Лазаревски во последните неколку години е еден од поистакнатите активисти на ЛДП, а пред две години на прес конференција глумеше некаква жртва на режимот, денес тој е задолжен за лиферување на соопштенијата до јавноста кои ги праќа општината.
Освен од подмладокот на ЛДП, и подмладокот на СДСМ ќарил од партиските вработувања на Жерновски. Во администрацијата на Центар вработен и Давид Геровски кој е активист на СДММ и се наоѓаше на изборната листа на партијата.
Вчера Сител објави листа од 8 лица кои по партиско-роднинска релација се преземани од Карпош во општина Центар. Ден по скандалот, Жерновски не одговара на телефонските повици.
Освен овие вработувања според нашите извори и во “Паркинзи центар“ се вработува исклучиво според партиска припадност.
Една од точките на извештајот на Прибе за Македонија е токму партизацијата на администрацијата. СДСМ често во обид да го затскрие своето работење ја обвинува власта за партизација иако фактите покажуваат дека со своето дејствување СДСМ му нанесува сериозен удар на угледот на државата.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Благица Петрески, Фајнанс Тинк
-
„Марш за ангелите“ во Кочани
-
„Марш за ангелите“ во Кочани
-
Пациентите од трагедијата во Кочани, во втора и трета фаза ќе се лекуваат во штипска Клиничка
-
Безбедносната состојба во справување со пожари неповолна
-
Мицкоски: Потребен е механизам за спречување блокади на билатерална основа
-
Дисциплинска постапка за двајцата полицајци кои лажно тврделе дека возилото „Порше“ е службено
-
Вол Стрит загуби пет трилиони долари, Трамп вели - „Падот на акциите оди многу добро“