-->
-->
И Шпанците не успеаја да ги минат олимписките квалификации
-->
Квалификациските турнири кои во изминатите три дена се одржуваа во Гдањск, Малме и Хернинг ги дадоа имињата на последните шест репрезентации, кои ќе учествуваат на ракометниот турнир на Олимписките игри во Рио де Жанеиро.
Македонските ракометари, за жал, нема да бидат дел од најголемата спортска смотра. Групата во Гдањск ја освои Полска, а во Бразил ќе патува и Тунис. Македонија загуби од Полска (20:25) и Тунис (26:32), па со Чиле (30:27) барем малку ја спаси честа.
На турнирот во Малме, за двете места решаваше гол разликата. Шпанците испаднаа и по првпат по Монтреал во 1976 година нема да бидат дел од олимпијадата. Шпанија пет секунди ја делеа од пласман на ОИ, но Екберг успеа да реализира удар од седум метри и поразот на Шведска (23:25) да го претвори во голема победа на „трите круни“. Најдобра во оваа група беше Словенија, на селекторот Веселин Вујовиќ.
Данска, како домаќин, го освои турнирот во Хернинг, а Хрватите во последното коло со убедливата победа над Норвешка го заверија пласманот на ОИ.
На олимпискиот турнир во ракомет ќе учествуваат, домаќинот Бразил, светскиот и европскиот првак, Франција, односно Германија, потоа шампионите на Африка и Азија, Египет и Катар, Аргентина како победник на Пан американските игри, односно Полска, Тунис, Данска, Хрватска, Словенија и Шведска.
Извлекувањето на групите за олимпискиот турнир во ракомет ќе биде извршено на 29.април.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Посебен режим на сообраќај во Скопје
-
САД од утре со 104 отсто царини на увозот од Кина
-
Ја продолжувам работата на Цепенков и Мисирков | Томче Јосимовски | ПРОфесија | Sitel Podcast 089
-
Бројот на жртви по уривањето на покрив во ноќен клуб во Доминиканската Република се искачи на 27
-
Грир: Царините утре стапуваат во сила, паралелно со преговори со некои земји
-
Трамп најави можен договор со Јужна Кореја и чека Кина да се јави
-
Пад на руските приходи од нафта и гас
-
Американските берзи го отворија денот со раст