Македонија
17. December 2019 - 17:11

И првиот човек на Судскиот совет е против ветинг на судиите

Во Македонија не може да има ветинг во судството, туку контролата врз работата на судиите треба да се направи согласно Уставот и постојните закони за судови и судски совет, смета првиот човек на независнотот судско тело Киро Здравев.

Метлата која во саботата му ја предаде министерката за правда Рената Дескоска со порака дека чистењето на судството треба да почне токму од Судскиот совет не ја доживува како притосок на извршната врз независната судска власт.

Здравев вели дека оваа година граѓаните побарале одговорност  од дури 75 судии, за разлика од лани или во 2017 година кога овие барања биле десетина поради можноста директно да се обраќаат. Тоа значело судскиот совет да работи поефикасно, вели Здравев.  Тој повикува  судиите да бидат поодговорни во нивната работа.

Свечена заклетва за старо-нов член на Судскиот совет денеска даде Селим Адеми. Од Алијансата на Села  обвинуваат за колиција ВМРО-ДПМНЕ - ДУИ  во судството и коментираат дека овој кандидат кој бил близок до ДУИ бил екпресно реизбран со поддршка на пратениците на ДУИ СДСМ, но и од ВМРО-ДПМНЕ.  Адеми пак, тврди дека во Судскиот совет ќе постапува независно.

За разлика од него не помина изборот на кандидатот – Македонец за второто испразнето место во Судскиот совет. Распишан е нов оглас.

По вчерашната изјава на евромабасадорот Самуел Жбогар дека ветингот е последна опција што треба да биде искористена во реформите во судството, ретерираше и премиерот Зоран Заев. Тој вчера порача дека проверката на судиите треба да се направи во постојните институции преку алатки кои ги содржат актуелните закони.