Македонија
26. May 2020 - 16:38

И покрај ризиците кои постојат и неадекватните услови на стадионите, ФФМ одлучи да се игра фудбал

Одлуката на ФФМ за продолжување на фудбалското првенство ги става во ризик фудбалерите кои неподготвени треба да истрчаат на терен и да играат по два натпревари неделно, реагира првиот човек на синдикатот на Фудбалерите.

Ќумбев вели дека смешна е одлуката на ФФМ да се игра пелјаут во кој ниту еден тим нема да испадне. Според него, ваквиот систем ги става фудбалерите во позиција да играат како што вели, практично за џабе.
Потенцира дека во целиот процес на носење одлуки, синдикатот на фудбалерите никој не го контактирал

Како овој премиер лига систем ќе се одрази на здравјето на фудбалерите во една од најслабите лиги на Балканот став побаравме и од деканот на факултетот за физичка култура, професорката Ленче Алексовска но до овој момент, таа не одговори на нашиот повик.

Вчера и неколку прволигаши реагираа дека претседателот на ФФМ Мухамед Сејдини интересите на два клуба ги става пред здравјето на фудбалерите кои со дваесетина дена подготовки треба да влезат во натпреварувачки систем кој ги става во ризик да се повредат и предвреме да стават крај на својата кариера.

Но тоа веројатно не беше доволна причина за федерацијата која денеска објави дека првенството ќе продолжи согласно интересите на одредни клубови кои сакаат на мала врата да обезбедат европско лето и опстанок во лигата.