Македонија
21. May 2017 - 16:36

И по 20 операции дневно на „Уво нос и грло“ Сител со хируршкиот тим

Пациент со полипи на гласни жици влегува во операциониот блок на Клиниката за уво нос и грло. Има сериозни проблеми со дишењето и голтањето и неопходна е хируршка интервенција. Во салата го чека медицинскиот тим. Инфузија, инструменти апарат за мерење на пулсот...се е подготвено. Прво настапува анестезиологот кој го успива и му дава знак на лекарот дека може да почне.

Операцијата не е долга а оние кои се околу пациентот речиси и да не комуницираат меѓусебно. Едноставно се разбираат со поглед..дали треба газа или нова течност во инфузиониот раствор.

Доктор Горан Мицевски за 15 минути ја заврши интервенцијата и му направи проодност на пациентот да може слободно да дише.

-Операцијата заврши успешно. Пациентот е префрлен во собата за будење. Медицинскиот тим ја подготвува салата каде за десетина минути треба да донесат нов пациент.

Тимот на доктор Мицевски не застанува тука. До крајот на денот го чекаат уште 7 операции а под полна работат во сите четири сали. Немаат работно време и хируршка интервенција можат да имаат и на полноќ или во раните утрински часови доколку им донесат итен пациент.

-Станува збор за малку потешок пациент, полипи за кои најчеста причиа за појава е ХПВ вирус..Не беше долга операција, видовте и самите. Значи дневно има од 5 до 15 операции а годишно околу 2200 пациенти оперираме во оперативниот блок на Клиниката за уво, нос и грло, вели др. Горан Мицевски, шеф на операциони сали во Клиника за уво, нос и грло

Оперативниот блок на Уво нос и грло е најфрекфентен од сите клиники. Но и покрај бројните интервенции, сите ги почитуваат строгите правила во овој оддел. Не може да слушнете приватни разговори освен оние поврзани со работата или пациентите ко ивеќе се на операционите столови. Нема шефувања и надмудрувања, зашто, како што велат, ниту лекарот може без анестрзиологот и инструментарката ниту обратно.

-Овде има строги протоколи од стерилизација на инструменти  до начин на движење. Ние сме медицински тимови кои си ја знаеме работата и буквално, да, се разбираме со очи кој што треба да направи во моментот додека трае операција, вели Сања Илиевска, главна сестра во перативниот блок

Подготовката на пациент не трае долго, но таа процедура е неопходна за целосна безбедност во текот на интервенцијата. Пред и по завршување на операцијата, целиот медицински тим задолжително ги мие рацете, и тоа темелно, по неколку минути. Капи, маски, зелена облека мора да носат сите.

-, Маски капи е задолжително, како што може да видите сите сме во зелено, се внимава на допир на апарати и се што е во интерес на безбедноста и сигурноста, вели Сања.

Строгите протоколи важат и за цивилните лица кои влегуваат во перационите сали. Мора да бидат заштитени со зелена облека, што беше случај и со екипата на Сител.

- Го напуштивме операциониот блок на Клиниката за уво, нос и грло. Се надевам дека во изминатите неколку минути видовте како изгледа една операција, дали медицинскиот персонал е безбедно заштите, како се подготвува пациент и дали хигиената е на високо ниво.